Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека соборувањето руски дронови претставува прв ваков инцидент на територија на НАТО. Според него, леталата што биле директна закана биле уништени од полски и сојузнички пилоти.
„Синоќа полскиот воздушен простор беше нарушен од голем број руски беспилотни летала. Тие што претставуваа закана беа соборени. Во постојана комуникација сум со генералниот секретар на НАТО и сојузниците, кои ситуацијата ја сфаќаат многу сериозно“, рече Туск, нагласувајќи дека нема жртви.
Тој го оцени инцидентот како „голема провокација од Русија“. Потрагата по остатоците од дроновите сè уште трае, но премиерот уверува дека нема простор за паника и дека состојбата е под целосна контрола.






