По упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, Територијалните одбранбени сили (WOT) добија наредба да бидат подготвени за побрза мобилизација од вообичаеното, соопштија полските власти, пренесе „Европска правда“.
Времето за мобилизација е скратено поради нарушувањето на воздушниот простор и активирањето на копнените тимови за потрага. Во областите најблиски до источната граница – Подласка, Мазовска, Лублинска и Подкарпатска – војниците можат да бидат повикани само шест часа пред да се јават на должност. Во централните региони, како Поморје, Варминско-Мазурско, Кујавско-Поморско, Лоѓ, Светокришко и Малополска, рокот изнесува 12 часа. Во другите делови од земјата засега не е предвидена итна мобилизација.
Од армијата апелираат граѓаните да останат смирени и да ги следат исклучиво официјалните информации на државните институции. „Доколку наидете на остатоци од дронови, не им приоѓајте и веднаш известете ја полицијата“, стои во соопштението.







