Ноќеска во 02:13 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Рихтер и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот бил во валандовското подрачје, на 116 километри југоисточно од Скопје. Според Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван во Струмица и околните места.






