Доколку изборите во германската покраина Саксонија-Анхалт се одржеа денес, Алтернатива за Германија (AfD) ќе излезеше како убедлив победник. Според најновата анкета на Infratest dimap за MDR, Mitteldeutsche Zeitung и Volksstimme, објавена на 4 септември 2025 година, AfD бележи поддршка од 39%, што е рекорден раст од +19 процентни поени во однос на последната анкета од февруари 2022 година.
Најголем губитник е Христијанско-демократската унија (CDU) која со 27% губи шест поени и паѓа на второ место. Ситуацијата е драматична и за Социјалдемократите (SPD), кои со само 7% поддршка бележат пад од цели девет поени – сигнал за најслабата позиција на оваа партија во регионот досега.
Левицата (Die Linke) со 13% успева да расте за два поени, додека Зелените паднаа на 3%. Новата партија BSW на Сара Вагенкнехт прави силен влез со 6%, што може да стане клучен фактор за идните коалициски преговори.
Истражувањето е спроведено во периодот од 28 август до 2 септември 2025 година на 1167 испитаници, со маргина на грешка од ±3%.
Со овие бројки, AfD не само што би станала најсилна политичка сила во покраината, туку би ја промениле целата рамнотежа на германската политика во источните сојузни држави.







