На 2 септември 2025 година, во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С. (25) од село Требош, тетовско. Лицето било баранo по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна по член 297-а од Кривичниот законик.
По приведувањето, Ш.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на определената казна.






