Турски аналитичар: САД може да ја жртвуваат Украина за да се спротивстават на сојузот Русија–Кина
Соединетите Американски Држави би можеле да ја жртвуваат Украина во обид да се спротивстават на сè посилниот сојуз меѓу Русија и Кина, оценува турскиот аналитичар Мехмет Али Бал, пренесува „Хабер“.
Тој нагласува дека евентуални територијални отстапки не претставуваат закана за Вашингтон, додека за Украина тоа е егзистенцијално прашање. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека европските лидери се свесни за потребата од компромис и, според медиумите, можно е да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на Москва.
„САД мора да обезбедат мир за да го докажат своето глобално лидерство. За нив, а сè повеќе и за Европа, губењето на украинска територија нема стратешко значење. Трамп, во судирот со сојузот Русија–Кина, може да ја жртвува Украина, ако не целосно, тогаш во значителна мера“, вели Али Бал.
Според него, САД нема да имаат големи загуби во такво сценарио, додека Кина ќе остане изложена на предизвици поради својата „агресивна извозна политика“. Украина, пак, нема алтернатива – за неа ова е „прашање на опстанок“.







