Орбан: Зеленски ќе сноси последици за нападите врз „Дружба“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се соочи со последици поради неодамнешните напади врз гасоводот „Дружба“, кој ги снабдува Унгарија и Словачка.
Во објава на Фејсбук, Орбан нагласи дека Зеленски „отворено ѝ се заканил на Унгарија“, наведувајќи дека нападите биле одговор на противењето на Будимпешта за членството на Украина во ЕУ.
„Тоа само потврдува дека Унгарија ја донесе правилната одлука. Зеленски ќе има долгорочни последици“, порача Орбан.







