Во еден ресторан, конобар се малку премногу поигруваше со оган додека подготвуваше јадење, што доведе до хаос и паника меѓу гостите. Додека ја прелеваше храната, пламенот од дното одеднаш се крена во висина и го зафати преливот, кој потоа, по рефлексен потег на конобарот, се пролил врз соседната маса и врз друг конобар.
Конобарот, чија облека беше зафатена од оган, почна да бега низ ресторан, но успеа да ја соблече запалената облека и на тој начин да спречи поголеми повреди. Иако настана вистинска паника, огнот брзо беше изгаснат. Гостите го снимиле хаотичниот момент, а видеото се шири по социјалните мрежи.






