Норвешката влада објави дека ќе ја снабди Украина со системи за воздушна одбрана во вредност од седум милијарди норвешки круни (696 милиони долари).
Премиерот Јонас Гар Сторе истакна дека Норвешка, заедно со Германија, ќе обезбеди Украина да добие моќни системи за противвоздушна одбрана. „Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во одбраната на својата земја и заштитата на цивилното население од руските воздушни напади“, рече Сторе.
Двете земји финансираат два системи „Патриот“, вклучувајќи и ракети. Покрај тоа, Норвешка ќе придонесе за купување радар за воздушна одбрана од германскиот производител „Хенсолдт“ и систем за воздушна одбрана од „Конгсберг“.






