На 21.08.2025 во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






