Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска потпиша Меморандум за соработка со Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Ова партнерство значи продлабочување на соработката и отворање нови можности за создавање квалитетни кадри и врвни експерти во областа на економијата,“ изјави министерката.

Меморандумот ќе овозможи Министерството за финансии да добие поддршка од универзитетските професори, а истовремено ќе придонесе за унапредување на знаењата на вработените во јавната администрација преку Академијата за јавни финансии, која функционира во рамки на Министерството.
Со оваа иницијатива, како што нагласи Димитриеска-Кочоска, се поставуваат темели за долгорочна и продуктивна соработка помеѓу академската заедница и финансиските институции.






