Македонија е пред период на значителни временски промени. Според метеорологот Славчо Попоски, од среда до петок ќе владее топла воздушна маса од Африка која ќе донесе високи температури и сончево време.
Температурите ширум земјата ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и југоисточните предели ќе достигнуваат до 38 степени. Во Скопје и околината жештината ќе се движи околу 36 до 37 степени.
Во петок се очекува засилен западен и југозападен ветер, кој ќе биде вовед во нова промена на времето. За време на викендот, односно во сабота и недела, ќе има локални врнежи од дожд и значително освежување со пад на температурите, како и продор на посвежа воздушна маса од север. Засилен северен ветер ќе биде најизразен во Повардарието.
Попоски најави дополнителни анализи за временската состојба во наредните денови.






