Европол објави дека во координирана полициска акција, спроведена во 18 земји, е пресечена голема мрежа за дистрибуција на фалсификуван новец преку поштенски услуги.
Запленети се речиси еден милион пратки со лажни евра, американски долари и британски фунти, во вкупна вредност над 66 милиони евра. Во рамките на операцијата се отворени 102 нови истраги насочени кон криминални групи што се занимаваат со изработка и трговија со фалсификувано пари.
Според податоците, одземени се 297 пакети со кривотворени банкноти и монети, меѓу кои 280.000 евра, 679.000 долари и 12.000 фунти. Најголем успех бил забележан во Романија, каде властите заплениле 600.000 долари во лажни пари.
Истрагата, водена од Австрија, Португалија и Шпанија, траела од октомври 2024 до март 2025 година и открила нови мрежи што главно дејствуваат надвор од ЕУ – во Азија, Америка и на Блискиот Исток.
Европол и Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) обезбедија експертска и техничка поддршка, а подобрената соработка меѓу царинските и полициските органи овозможи значително поуспешни резултати од претходната фаза на акцијата.







