Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин.
Говорејќи за конфликтот во Украина, тој оцени дека за време на администрацијата на Џо Бајден ситуацијата се влошувала.
„Мислам дека сè водеше кон трета светска војна, но сега не. Тоа е добра вест“, рече Трамп и додаде дека тоа е најсериозниот безбедносен ризик од Втората светска војна.
По средбите со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, Трамп најави дека сака да процени дали тие можат да водат дијалог и без негово присуство.
„Имав многу успешна средба и со Путин и со Зеленски. Сега сметам дека е подобро тие да се сретнат сами. Ако треба, ќе им се придружам за да помогнам да постигнат договор“, истакна тој.







