Неидентификуван објект паднал и експлодирал во поле во источна Полска, во близина на границата со Украина, соопштија локалните власти.
Според полицијата, нема повредени лица, но во селото Осини, во регионот Холм, е причинета материјална штета на неколку куќи.
Војската и полицијата ја обезбедуваат областа и утврдуваат од каде потекнува објектот.
Инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради војната во Украина и претходни случаи кога руски ракети залетаа на полска територија.






