Украинската група воени аналитичари DeepState објави дека руските трупи го засилиле напредокот кон Добропил, особено обидите за консолидација покрај патот Добропил-Краматорск. Русите влегле во населбите Кучерив Јар и Золотиј Колодијаз, каде собираат сили за понатамошна офанзива, а напредуваат од Кучерив Јар кон селото Веселе, каде беа забележани околу 20 руски војници.
Руските единици се обидуваат да продрат и во области како Нововодијана и Петривка, барајќи слаби точки во одбраната за да стигнат до патот Добропиља-Краматорск.
DeepState нагласува дека ситуацијата е хаотична, бидејќи непријателот се движи преку откриени дупки во одбраната, акумулирајќи сили за понатамошен напад. Иако командата ја претставува ситуацијата како „под контрола“, војниците на линијата тоа не го потврдуваат.
Поставени се нови инженерски и утврдувачки структури во Золотиј Колодијаз, Шахове и околните населби, но постои ризик Русите да ги заобиколат и искористат за сопствена одбрана.
DeepState предупредува дека доколку Русите обезбедат упориште во овие села и офанзивата продолжи, Добропиља може да падне побрзо од Покровск. Тие наведуваат дека непријателот веќе има поставени крајни цели и се обидува да ги окупира Золотиј Колодијаз, Кучерив Јар, Веселе и други населби, користејќи и беспилотни летала за отежнување на украинската одбрана.
На 11 август, DeepState извести дека Русите го окупирале селото Затишок во Покровскиот округ и напредуваат во близина на четири други населени места во Донечката област.






