Холандската фудбалска репрезентација денеска со господски потег му посака пензија на капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев откако Џорџино Вајналдум, капитенот на „лалињата“ му врачи специјален дрес на македонскиот ас.
Вајналдум со холандски дрес со бројот 122 колку што Пандев има настапи на Македонија му посакаа среќна пензија на македонскиот капитен, како доказ колку струмичанецот остави белег не само во македонскиот, туку и во европскиот фудбал
Натпреварот против Холандија ќе биде мојот последен натпревар за репрезентацијата. Мислам дека е вистинско време да се збогувам. Утрешниот натпревар ќе биде посебен и се надевам на добар проштален перформанс. Се надевам дека овие момци, оваа генерација, ќе се квалификува на Светското првенство. Веројатно наскоро ќе ја завршам мојата клупска кариера, но што се однесува до националниот тим, ова е дефинитивно крај, бидејќи играњето на два фронта на 38 години е премногу “, рече Пандев.






