Мерц: Мала е веројатноста Украина да се приклучи на ЕУ пред 2034 година
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази резерва во врска со можноста Украина да стане членка на Европската Унија до 2034 година, нагласувајќи дека таквиот чекор најверојатно нема да влијае врз тековната финансиска рамка на Унијата.
„Наш приоритет број еден е, пред сè, да направиме сè што е во наша моќ за да ја завршиме оваа војна. Потоа ќе се отвори прашањето за реконструкцијата на Украина, што ќе биде долготраен процес… и, според сите проценки, нема да влијае врз сегашните среднорочни финансиски перспективи на ЕУ“, изјави Мерц по средбата со романскиот претседател Никушор Дан во Берлин.
Овој став е во контраст со претходната проценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во февруари годинава оцени дека, доколку Украина продолжи со реформите со сегашното темпо и квалитет, би можела да се приклучи на ЕУ веќе до 2030 година.






![[ВИДЕО] Таксист со својот автомобил се залета во група студенти](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-04-100511.png)