На 30.06.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на општина Центар е пронајдено починато лице, С.А.(40) од село Банско, струмичко.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција за утврдување на причините за смртта.






