СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – друштво за трговија, обложување и приредување на игри на среќа од Тетово, како и против 25-годишната вработена Д.С., поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“, казниво според Законот за девизно работење.
При акциска контрола извршена на 23 и 24 април 2025 година во просториите на пријавеното правно лице, инспекторите ја затекнале пријавената вработена, при што во касата биле пронајдени и одземени девизни парични средства.
Според полицијата, со тоа друштвото и вработената постапиле спротивно на прописите, со што незаконски вршеле наплата или исплата во ефективни странски пари. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.







