На 14 јули 2025 година околу 16:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Форд“ со германски национални ознаки, управувано од 32-годишниот А.Ф. од село Мала Речица, тетовско, и велосипед управуван од 60-годишната А.М.Т. од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добила велосипедистката А.М.Т., а повредите се констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.






