Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива без проблеми, по суви коловози и во стабилни временски услови. Според Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен.
На граничниот премин „Табановце“ е регистрирана зголемена фреквенција на возила при влез во земјата, со просечно време на чекање од околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, сообраќајот се одвива нормално, без подолги задржувања при влез и излез од државата.
АМСМ информира и дека е нормализирано движењето на тешките товарни возила на излез од Македонија, на потегот од бензинската пумпа „Дизел“ кон граничниот премин „Блаце“.
Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од појава на одрони. Препорачана е прилагодена брзина и строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација.






