По синоќешниот голем пожар во близина на Смилковско Езеро, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, излезе со тврдење дека огнената стихија е намерно предизвикана.
„На терен се пронајдени остатоци од изгорена гума и ракавици, што укажува на намерно подметнување на пожарот. Жално е ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени“, изјави Стефковски и објави фотографии од пронајдените предмети.

Тој додаде дека пожарот бил активен на повеќе локации околу езерото, а поради сериозноста на ситуацијата, сообраќајот на обиколницата во близина бил во прекин.
Екипите за интервенција, заедно со кризниот штаб, веднаш излегле на терен и се вклучиле во гаснењето на пожарот.

![Стефковски: Пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, еве ги доказите [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/517415392_756321043446480_4409629314223811247_n.jpg)






