Во повеќе европски земји на патиштата се појавуваат бело обоени кругови на асфалтот, нанесени со рефлектирачка боја за да спречат лизгање. Тие се поставени покрај средишната линија на патот и имаат за цел да го намалат бројот на сообраќајни незгоди со мотоциклисти.
Овие кругови служат како дополнителни водичи кои им помагаат на мотоциклистите да ја изберат најбезбедната патека при минување низ свиоци, односно да не се приближуваат премногу до средишната линија каде што поминува спротивниот сообраќај.
Овој систем веќе е применет во Германија, Шкотска, Словенија, Луксембург и Австрија, каде што се постигнати позитивни резултати. Австрискиот одбор за безбедност на патиштата (KFV) направи анализа на несреќи со мотоцикли и откри дека 95% од несреќите се случуваат во свиоци, најчесто затоа што мотоциклистите избираат премногу тесна траекторија близу до средишната линија.
Во 2019 година, KFV ги нацрта овие кругови на патиштата во регионот Тирол, а четири години подоцна, во 2023 година, бројот на несреќи се намали за дури 80%. Сега овој систем на безбедносна сигнализација ќе биде воведен и во Шпанија.






