Сите оние кои израснаа со добро познатите К-15 знаат дека нивниот хумор денеска не може да биде заменет со ништо друго.
Во етерот се задржаа повеќе од 15 години, ги променија речиси сите телевизиски станици, но поради повеќе различни причини сепак пред околу десеттина години престанаа да постојат целосно.
Секако главните ликови беа Миле, Тошо и Цацко, но покрај нив како споредни улоги продефилираа уште можеби нешто повеќе од десеттина ликови, меѓу кои ликот на „Тате“ беше еден од најсмешните и највпечатливи.
Неговиот лик најмногу се појавуваше во епизодите снимание во 90-тите години од минатиот век, уште на почетокот од нивното постоење, но со текот на времето ликот исчезна од скечовите, па и самиот глумец не се појавуваше на телевизиските екрани.
Погледнете како изгледа тој денеска.

Директно.мк







