Москва: Украински командант наредил уривање на авионот со затвореници
Рускиот Истражен комитет соопшти дека командантот на 138. ракетна бригада за противвоздушна одбрана на украинските вооружени сили, полковник Николаи Ѓаман, е осомничен дека ја издал наредбата за уривање на воениот транспортен авион Ил-76, во кој се наоѓале украински заробеници.
Како што јави новинската агенција ТАСС, Истражниот комитет по завршената истрага го ставил Ѓаман на меѓународна потерница, под сомнение за терористички чин.
Во официјалното соопштение се наведува дека авионот бил соборен во 2024 година со ракета од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, а во соработка со Генералштабот на руската армија било утврдено дека такви системи се наоѓаат во вооружувањето на единицата под команда на Ѓаман.
Против него е поднесено обвинение за извршен терористички напад, додека руските власти продолжуваат со идентификација на други лица вмешани во случајот, меѓу кои, како што се наведува, има и високи функционери од украинското Министерство за одбрана.
Москва тврди дека уривањето на авионот, во кој биле украински воени заробеници на пат кон размена, е извршено намерно. Од Киев, досега нема официјална реакција на обвинувањата.







