Две деца загинаа, а неколку други беа повредени кога израелски авиони денеска бомбардираа училиште Ал-Моатасем во Газа, кое служи како засолниште за раселени лица, јави ВАФА.
Според палестински извори, израелските сили извршиле напади врз станбени згради во градот Газа, додека дронови ja напаѓале населбата Сабра на северозапад од градот. Овие напади се поклопиле со гранатирања и детонации на автомобилски бомби во северозападните области на Појасот Газа.
Авиони на израелската војска бомбардирале и југозападниот дел на Газа, додека артилерија гаѓала северните делови на бегалскиот камп Ал-Бурејџ. Во централниот дел на Газа, израелските сили отвориле оган врз цивили кои чекале помош во близина на раскрсницата Нецарим, а авиони ja бомбардирале и околината на електроенергетската компанија во бегалскиот камп Нусеират, предизвикувајќи значителна материјална штета.







