Министерството за внатрешни работи воведе можност за онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи, достапна и за македонската дијаспора и лицата кои не поседуваат македонски телефонски број. Резервацијата може да се направи преку електронската пошта на следната веб-страница: https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request.
Од воведувањето на електронското закажување преку официјалната веб-страница на МВР, во 2024 година месечно биле резервирани во просек по 7.000 термини. Во текот на 2025 година се забележува околу 4.000 термини месечно, односно во просек речиси 200 дневно.
Министерството за внатрешни работи информира дека закажувањето термини преку редовните телефонски линии функционира непречено, при што термин за редовна постапка може да се добие веќе во рок од еден ден.






