Во тек е максимумот на овој многу топол бран од Африка во нашата Република Македонија. Денешниот ден (петок 4 јули) кај нас беше многу топол, а најтопло беше во Скопје Петровец каде што температурата надмина 40 степени, односно, денес таму се измерени 41 степен.
Инаку, насекаде во нашата Македонија денес температурите надминаа 30 степени, а времето беше претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
На метеоролошката карта можете да ги видите денешните максимални дневни температури на воздухот измерени насекаде низ Македонија.






