Доцна синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во близина на „Сити мол“, се случи сериозна сообраќајна несреќа во скопската населба Карпош 3.
Според првичните информации, возило од марката „Ауди“ излетало од коловозот и завршило во жардинериите покрај патот, откако претходно удрило во неколку дрвја. Причина за несреќата, како што се сомнева, е несоодветна брзина.
Екипа на Брза помош интервенирала веднаш по инцидентот. Сè уште нема официјални детали за здравствената состојба на возачот, а повеќе информации се очекуваат од МВР во текот на денот.







