Иако вчера помпезно беше најавено дека денес ќе стигнат вакцините кои Србија ќе ни ги отстапи нам, истите во Македонија нема да стигнат. Одложено е доаѓањето на вакцините против ковид-19 од Србија, кое требаше да се случи на граничниот премин Табановце, каде требаше да се одржи свечено примопредавање на кое требаше да присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и македонскиот премиер, Зоран Заев.
Доцна синоќа Владата соопшти дека одложувањето е заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, а вакцините ќе бидат предадени во наредните денови.
Откако синоќа одекна веста дека вакцините нема да стигнат денеска, на социјалните мрежи избувна лавина од реакции. Социјалната мрежа Фејсбук беше преплавена од коментари од граѓаните, има многу смешки, како Видео дека некој го пријавил за вакцинација и Јосип Броз Тито.



Меѓу зезалиците на социјалните мрежи се најде на Твитер и видео каде граѓанин го пријавил Јосип Броз Тито за вакцинација во Македонија.
Видео:







