Во округот Тулча во Романија е прогласена воздушна тревога поради масовен напад на руски беспилотни летала врз Украина, соопшти романското Министерство за одбрана.
Синоќа, романската армија беше приморана да испрати два борбени авиони Ф-16 од воздухопловната база Бока-86 за да ја следат воздушната ситуација.
„Во текот на ноќта, Русија изведе напади врз цивилни и пристанишни објекти во Украина со беспилотни летала. Во 23:15 часот, два наши борбени авиони Ф-16 полетаа за да ја надгледуваат ситуацијата“, стои во соопштението на Министерството.
Жителите на округот Тулча беа известени за опасноста преку системот RO-Alert.
Министерството за одбрана на Романија остро ги осуди руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина и ја искажа својата поддршка за украинскиот народ.






