Велика Британија, која некогаш имаше резервисти на секој чекор, денес е речиси гола пред новите закани – од кибернапади и саботажи до шпионажа и потенцијални напади со дронови. И покрај сериозните предупредувања во официјалните документи како Стратешкиот одбранбен преглед и Националната безбедносна стратегија, конкретни чекори за заштита речиси и да нема, пишува Independent.
„Напад врз Британија денес не мора да биде со ракети – доволно е да падне струјата, да се блокира интернетот или да се сруши синџирот на снабдување“, предупредуваат безбедносни експерти.
Во услови кога војската не може истовремено да учествува во мисии надвор од земјата и да ја брани татковината, и кога резервниот состав е намален на само 20.000 лица (тројно помалку од времето на Студената војна), Велика Британија станува ранлива.
За модерна противвоздушна одбрана потребни се инвестиции од над 30 милијарди фунти, а полицијата нема капацитети ниту за внатрешна заштита.
Додека Франција и Италија располагаат со над 100.000 жандармерци, а Финска може да мобилизира еден милион луѓе за неколку дена, Велика Британија се соочува со сериозен безбедносен вакуум. Моделот „Dad’s Army“, што некогаш беше предмет на потсмев, денес можеби е потребен повеќе од кога било.
Дали Островот е подготвен за модерна војна – или само живее во спомени од старата слава?






