Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Бугарите подготвуваат „Бела книга“, а во неа македонскиот јазик е „скопска пишана норма“

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-02-10
in Uncategorized
Бугарите подготвуваат „Бела книга“, а во неа македонскиот јазик е „скопска пишана норма“

Бугарите ги употребуваат сите средства за да ги уверат земјите-членки на Европската унија во својата вистина за македонскиот јазик и историјата. За таа цел, на 15 февруари ќе биде објавена книгата „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“, како приватна иницијатива, во која ќе бидат вклучени примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“.

За да бидат аргументите поуверливи, тимот којшто стои зад ова дело вклучува и двајца автори од Македонија кои се декларираат како Бугари, Владо Тренески и Деан Танчовски, и еден автор од Албанија.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Исто така, веќе се собираат донации книгата да биде преведена на англиски, германски, португалски и шпански за да можат Европејците, а посебно Португалците како претседавачи со ЕУ, да ја разберат позицијата на Бугарија.

Авторите од Македонија изразија желба, со цел објективно да ја запознаат локалната јавност со фактите, книгата да биде објавена во „скопска пишана норма“ и на албански јазик. За оваа цел, покрај спонзорите од Бугарија, ќе се бараат и спонзори од Република Македонија и од македонско-бугарската емиграција во Западна Европа, САД и Канада.

Ние веруваме дека токму сега е соодветно да се запознае португалското претседателство со ЕУ со природата на постојните проблеми во Р Македонија. Штом ќе бидат подготвени публикациите на бугарски и на странски јазици, ќе ги замолиме организациите на Бугарите во странство и нивните активисти да контактираат со тимот на автори за да им обезбедат копии за дистрибуција меѓу локалните медиуми, политичари, пријатели на Бугарија, библиотеки, тинк-тенкови и итн. На таквата активност гледаме како на долгорочно партнерство и создавање на бугарско лоби во странство. Со оглед на можностите, некои од авторите би биле вклучени во презентацијата на Белата книга во странство. Сите бугарски печатени, радиодифузни и други електронски медиуми исто така ќе бидат снабдени со потребните копии, стои во најавата за книгата.

Според најавата, оваа книга ќе биде дистрибуирана преку лични посети и состаноци со претставници на странски дипломатски мисии во Софија и Скопје. Бидејќи средствата за нејзиното објавување се собираат преку донации, хартиените и електронските изданија ќе бидат дистрибуирани бесплатно.

Фактот дека вистината е на наша страна не е доволен. Потребна е вистинска акција за да се поддржи вистината.Покрај тоа, апелираме до сите свесни Бугари да не влегуваат во груби спорови со граѓаните на РС Македонија, бидејќи тие се наши браќа. Во моментов, сајбер просторот е полн со тролови чија цел е ширење на вештачка поделба меѓу населението од двете страни на бугарско-македонската граница преку ширење лажни вести и говор на омраза. Во моментов имаме поделба. Сепак, тоа не ни одговара и мора да ги смениме условите поставени од други, порачуваат авторите на книгата.

Прочитајте и…  Мургоска-Станимировиќ: Благ пораст на новозаразени, „британскиот сој” не е за паника туку за придржување на мерките

Според објавената содржина, во книгата се споменуваат сите македонски просветители како пример за лажирање на историските факти и на нивното творештво, како Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Јоаким Крчовски и други.

Previous Post

Прв третинг на „Вардарци“ со поддршка од Комити

Next Post

Николина Пишек открива како заврши во болница, по драмата дома каде беше пронајдена во безсознание со својата ќерка

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Николина Пишек открива како заврши во болница, по драмата дома каде беше пронајдена во безсознание со својата ќерка

Николина Пишек открива како заврши во болница, по драмата дома каде беше пронајдена во безсознание со својата ќерка

Recommended

Пеколна ноќ во Рудинци: Куќи уништени, струја нема, пожарот се враќа повторно!

4 months ago
Македонката со моќниот вокал го воодушеви регионот, погледнете како изгледаше настапот (Видео)

Македонката со моќниот вокал го воодушеви регионот, погледнете како изгледаше настапот (Видео)

2 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.