Samsung подготвува нов чекор во светот на преклопливите телефони – Galaxy G Fold, првиот модел со тројно преклопување, кој треба да биде претставен до крајот на оваа година. Според најновите протечени информации, овој уред ќе биде изработен од комбинација на титаниум и алуминиум, материјали што обезбедуваат висока издржливост, особено важна кај уреди со повеќе подвижни делови.
Galaxy G Fold ќе биде опремен со Snapdragon 8 Elite, ист процесор што ќе го користи и серијата Galaxy S25. Надополнет е со 16 GB LPDDR5X RAM, што ќе обезбеди високи перформанси при мултитаскинг, гејминг и користење на вградени AI-функции.
Иако се очекуваше интегрирана камера под екранот (UDC), новите информации укажуваат дека Samsung сепак ќе користи 12 MP punch-hole селфи камера. Ова се смета за чекор назад во однос на амбициите за целосен екран без отвори, но UDC технологијата сè уште не нуди доволна квалитетна слика.
Според достапните податоци, Galaxy G Fold ќе биде достапен само на кинескиот и јужнокорејскиот пазар, барем во почетната фаза. Батариските спецификации се уште не се официјализирани, но се очекува стандардна литиум-јонска батерија со капацитет од околу 4.400 mAh.
Телефонот ќе биде кратко прикажан на настанот Galaxy Unpacked на 9 јули во Њујорк, заедно со моделите Z Fold7 и Z Flip7. Целосната презентација се очекува во октомври, со лансирање на ограничените пазари.
Цената на уредот би изнесувала околу 2.800 долари, што го позиционира Galaxy G Fold во ултра-премиум сегментот, како конкурент на уреди како што е Huawei Mate XT. Овој модел би можел да претставува нова 10-инчна мобилна платформа за мултимедија, продуктивност и AI.






