На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како мечка пребарува по контејнери во селото Требиште, во општина Маврово и Ростуше.
Жителите од овој крај велат дека не е првпат да се забележи дива мечка во близина на населените места. Пред извесно време, мечка со мали мечиња била видена и во близина на Трница, исто така во рамките на истата општина.
Појавата на мечки во населени и урбанизирани подрачја станува сѐ почеста во последната година, што претставува потенцијален ризик и за луѓето и за дивите животни. Властите апелираат за внимателност и пријавување на вакви ситуации до надлежните служби.
View this post on Instagram






![Еди Рама повторно и клекна на Џорџа Мелони – причината ќе ве изненади [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-11-103338.png)
