Сончево време со засилен северен ветер – благо опаѓање на температурите
Денеска не очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, со повремени удари кои локално би можеле да надминат 70 километри на час. Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 36 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со променлива облачност и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 20 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Синоптичарите најавуваат дека денес и утре времето ќе остане стабилно и претежно сончево, но со благо освежување. Северниот ветер ќе предизвика пад на дневните температури за 4 до 6 степени во споредба со претходните денови.
Од понеделник, се очекува постепен пораст на температурите и стабилизација на временските услови.






