Белорусија обори неколку беспилотни летала кои влегле на белоруска територија
Белоруски системи за противвоздушна одбрана ноќеска уништиле неколку беспилотни летала кои навлегле во воздушниот простор на земјата, соопшти началникот на Генералштабот Павел Муравејко.
Тој истакна дека државата постојано ги следела леталата кои изгубиле курс поради електронско војување и дека полските власти биле известени за приближувањето на неидентификувани летала од Украина. Некои од дроновите биле уништени над територијата на Белорусија.
Муравејко додаде дека размената на информации за воздушната ситуација со Полска и балтичките земји е клучна за регионалната безбедност, а Белорусија ќе продолжи да ја спроведува таа практика.
Претходно, полските власти објавија дека обориле неколку руски дронови и дека остатоци од еден биле пронајдени близу Лублин.







