Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во интервју за телевизискиот Канал 13 откри дека Израел размислувал за ликвидација на врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но потенцијалната акција не била изведена поради недостиг на оперативни услови.
„Ако беше на нишан, ќе го елиминиравме“, изјави Кац, нагласувајќи дека постоела јасна намера за отстранување на Хамнеи, но оти не се создала соодветна можност за тоа.
На новинарско прашање дали Израел побарал одобрение од Соединетите Американски Држави за ваква операција, Кац категорично одговори: „Не ни треба дозвола за тие работи“.
Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран, откако двете земји разменија остри пораки и воени закани по последните ескалации на Блискиот Исток.






