Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава предизвика сообраќајна несреќа со фатални последици, се одложи за 3 септември 2025 година поради отсуство на обвинетиот. Јованов управувал автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол во моментот на несреќата во која загина пешакот Фросина Кулакова.
Причината за одложувањето е неуредното повикување на обвинетиот за денешната судска расправа. Судот побара од МВР ажурирани адресни податоци и ќе достави нови покани за следното рочиште.
Обвинителството ги измени обвиненијата против Јованов, кој сега се товари за поблаго кривично дело – „загрозување на безбедноста во сообраќајот со опасно дејствие или средства“, наместо претходното обвинение за „предизвикување општа опасност“. Оваа измена е резултат на новите докази и подобро ја отсликува фактичката состојба.
Во меѓувреме, се истражува дали Јованов му дозволувал на својот син Васил, кој немал возачка дозвола и имал претходни прекршоци, да управува возило во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година.
Таткото на загинатата Фросина Кулакова најави кривична пријава против судијката што го води предметот, поради сомнежи во постапувањето.







