Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска биле идентификувани нови ракети истрелани од Иран кон територијата на Израел.
„Одбранбените системи моментално се активни и работат на пресретнување на заканата“, се наведува во официјалното соопштение на ИДФ.
Во дополнителна информација се посочува дека поради забележаните ракети се огласиле сирени за воздушна опасност во северниот дел на Израел.
Во моментов не се објавени податоци за евентуални жртви или материјална штета. Израелските власти најавија дека ќе продолжат со внимателно следење на ситуацијата.






