Корпусот на чуварите на Исламската револуција (ИРГЦ) соопшти дека утринава соборил израелски борбен дрон над подрачјето на Хорамабад, во западната иранска провинција Лурестан.
Станува збор за моделот Hermes 900 – една од најсофистицираните и најскапи беспилотни летала во арсеналот на израелската армија.
Израелските одбранбени сили (IDF) ја потврдија информацијата, наведувајќи дека беспилотното летало било соборено „за време на оперативна активност“ на територија на Иран.
„Во текот на извршување на оперативна мисија, дрон на воздухопловните сили беше соборен над територијата на Иран. Не постои ризик од компромитација на чувствителни податоци“, соопштија израелските воени власти во кратка изјава.
Иранските медиуми претходно објавија видеоснимка за која тврдат дека го прикажува моментот на соборување на дронот. Според нивните тврдења, станува збор за дрон од типот Hermes 900 – повеќенаменско летало со способности за извидувачки и борбени мисии, вклучително и носење противтенковски ракети.
Ова е втор ваков инцидент во краток временски период. Минатата недела, иранските одбранбени сили објавија дека собориле уште еден дрон од истиот модел над областа Исфахан, во централниот дел на земјата. Овие случувања укажуваат на засилено израелско присуство во иранскиот воздушен простор, но и на зголемената подготвеност на Техеран да реагира решително.
Инаку, Hermes 900, произведен од израелската компанија Elbit Systems, според проценките чини меѓу 10 и 16 милиони долари по единица, што го вбројува меѓу најскапите дронови што се користат во активна воена служба.
🇮🇷🇮🇱| WATCH: Footage apparently shows another intercepted Israeli Hermes-900 drone in Khorramabad, Lorestan province by Iranian air defenses.
Last night, Iran’s air defenses shot down another Hermes-900; since the footage shows daytime, this likely shows the downing of another… pic.twitter.com/kuorGZ7OiP
— Arya – آریا (@AryJeay) June 23, 2025






