Во Тетово продолжува интензивната реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во рамките на градежните зафати се врши целосна замена на кровот, поставување нова фасада, како и обнова на внатрешноста на објектот.

Покрај тоа, се менуваат прозорците, се обновуваат електричните инсталации и се изведуваат други неопходни зафати, со цел училиштето да добие современ и безбеден изглед за учениците и наставниот кадар.







