Вистинска драма се одвиваше вчера на плажата во Неa Пори, едно од омилените летувалишта за македонските и српските туристи, откако во плитките води, недалеку од пловките, се појавија неколку темни перки што ја вознемирија целата плажа.
На прв поглед, сцената наликуваше на кадар од холивудски трилер – перките мирно се пробиваа низ површината на морето и се приближуваа кон брегот. Дел од капачите веднаш започнаа панично да излегуваат од водата, уверени дека станува збор за ајкули.
Но, веќе по неколку моменти, следеше големо олеснување – перките всушност ѝ припаѓаа на група љубопитни делфини, кои само се приближиле до брегот, на општо воодушевување на присутните.
Еден турист од Србија успеал да го сними неверојатниот момент, а видеото веќе се шири по социјалните мрежи. На снимката јасно се гледаат неколку делфини како весело пливаат во плиткото море, додека туристите од безбедна оддалеченост ги набљудуваат.
Иако сцената изгледаше невообичаено, експертите потсетуваат дека појавата на делфини во Егејското Море не е реткост. Овие интелигентни и мирољубиви животни често се појавуваат во утринските или доцните попладневни часови, кога морето е помирно.
Присуството на делфини се смета за показател за чисто и еколошки богато море, што само дополнително ја потврдува природната убавина и привлечност на Неа Пори како еден од бисерите на Олимписката ривиера, пишува СД.рс
Delfini uplašili kupače u Nei Pori pic.twitter.com/OWLQXgEJ9B
— pensador (@sakriosamime) June 23, 2025
![[ВИДЕО] ПАНИКА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Снимен морски “ѕвер” во близина на капачите, видеото на крај ја откри целата вистина!](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-23-103850.png)






