Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди американскиот напад на Иран, нарекувајќи го „опасна ескалација“ во веќе напнатата регија. Тој предупреди дека тоа претставува директна закана за меѓународниот мир и безбедност.
„Ризикот од брзо излегување на конфликтот од контрола е се поголем, со катастрофални последици за цивилите, регионот и целиот свет“, истакна Гутереш.
Во момент кога ситуацијата е исклучително кревка, тој апелираше да се избегне „вртлогот на хаосот“ и нагласи дека нема воено решение.
„Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, заклучи генералниот секретар.







