Путин: Постои загрижувачки ризик од нов глобален судир – потенцијалот за конфликт расте
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сериозна загриженост поради зголемените глобални тензии и можноста за избувнување на нов голем конфликт. Во своето обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, тој предупреди дека светот се соочува со реална опасност од поголем судир.
На прашањето дали ситуацијата се развива кон Трета светска војна, Путин одговори без задршка:
„Загрижувачки. Зборувам без иронија, без шега.“
„Секако дека постои значителен потенцијал за конфликти, кој постојано се зголемува и буквално ни е пред очи. Тоа бара не само внимателно следење, туку и итно барање решенија – по можност по мирен пат, на сите нивоа“, истакна рускиот претседател.
Осврнувајќи се на односите меѓу Русија и Иран, Путин нагласи дека Москва ги исполнува сите преземени обврски и ја поддржува Исламската Република во нејзините легитимни интереси – особено во делот на користење нуклеарна енергија за мирољубиви цели.






