„Здрави и прави органи ми се извадени од телото, а Лекарската комора не наоѓа грешка во тоа, но правдата ќе ја барам додека сум жива“.
Вака медицинската сестра Јалдз Веапоска чии матка, јајник и бубрег беа извадени по породување во струшката болнница, низ солзи ги раскажа своите маки, но и разочарувањето од одлуката на Лекарската комора, која во својот стручен надзор не утврди постоење на лекарска грешка од страна на медицинскиот тим предводен од директорот на болницата, доктор Мухамед Асани – објавува Слободен печат.
– Органите се супер, извадени се без потреба. Велат дека нема лекарска грешка, но не објаснуваат зошто било потребно да ги извадат. Дури сум жива ќе ја барам правдата, ако не во Македонија, тогаш во странство. Органите ќе ги дадам на вештачење кај наши експерти во Судска медицина и кај странски експерти. Тие да кажат дали имало потреба да се отстранат. Мене во разговор неколку гинеколози ми кажаа дека органите се добри, меѓу нив и луѓе од Швајцарија, изјави за „Слободен печат“ Веапоска.
Линк до целосниот текст:
https://www.slobodenpecat.mk/dokumenti-rodilkata-ke-se-bori-do-kraj-mi-izvadija-zdravi-i-pravi-organi-go-imam-naodot-od-patologija/






