-Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години, Никола Тесла со сличен изговор ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика, а Ајнштајн нема да добиеше согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија, каде по скратена постапка му било признаено целото основно образование! – напиша на Фејсбук Антонијо Милошоски, пратеник во македонското Собрание.
Статусот на пратеникот се должи на реакциите од страна на јавноста по недоделување на парична награда од страна на министерката за образование Мила Царовска, во врска со Штипскиот Питагора како што го нарекуваат основецот кој победи на средношколскиот натпревар по математика.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/4062513873768048







