Ски центарот Попова Шапка го загуби своето име што го користи 6 децении и во нова реклама на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ по старо) официјално стана Kodra e diellit.
Директор на оваа компанија е Васко Ковачевски кадар на СДСМ кој дал дозвола за промена на името на познатиот ски центар – пишува Експрес.мк.
Новото име на ски центарот во државна сопственост се користи не само во пропагандниот материјал на албански јазик туку на единствениот кој е на англиски јазик.
Предходно ЕЛЕМ не најави дека државната компанија почнува процедура за промена на името.
Со новото име голем број од потенцијални туристи или странци кои предходно доаѓале на скијање на Попова Шапка сега нема да знаат за кој ски центар се работи.
Видеото на овој линк
https://www.facebook.com/1027715423936393/posts/5049797271728168/






