Почина познатата водителка и готвачка Ен Барел – пронајдена мртва во својот дом во Њујорк
Познатата телевизиска водителка и готвачка Ен Барел, препознатлива по своите настапи во кулинарската емисија Food Network, почина на 55-годишна возраст.
Како што јавуваат американските медиуми, Барел била пронајдена без свест во својот дом во Бруклин, Њујорк, во вторник околу 7:50 часот наутро. Веста ја потврдил портпарол на њујоршката полиција за Page Six.
На местото на настанот брзо пристигнале итните служби, но можеле само да ја констатираат смртта, пренесува Telegraf.rs.
Засега не се објавени дополнителни детали околу причината за смртта. Американската јавност е потресена, а нејзините фанови се простуваат од неа преку социјалните мрежи.







